Производството на конструкциите вклучува и поставување на антикорозивна заштита како дел од процесот на подготовка на површините, како и полирање на секоја челична конструкција. Се врши и пескарење по желба на инвеститорот. Пескарењето се изведува на линиска пескарна машина и се нанесуваат антикорозивните слоеви како боја и лак.
Кај посебните барања за пожарна сигурност изведуваме и противпожарна заштита на челичната конструкција.