Располагаме со стручни и изведувачки тимови од сите области на делување и сме посветени на постојано унапредување на процесот на монтажа.
Изведуваме монтажа на секаков вид челик и за секоја потреба на клиентите како: изведба на лесни, средни и тешки челични конструкции, изведба на хали, административни објекти, станбени објекти, бензински станици, магацини, производни погони, крански стази, меѓукатни конструкции, настрешници, челични поткровја, надградби, челични скали, челични огради и сл. Располагаме со сопствена опрема за изведба на конструкциите: платформи, виљушкари, кранови, скелиња, апарати за заварување и секаков вид рачен алат неопходен за изведбата. Конструкциите изработени од челик од безбедносен аспект се отпорни на земјотреси.